• недела, 24 ноември 2024

Воз излета од шините во северна Русија, двајца загинати, 50 повредени

Воз излета од шините во северна Русија, двајца загинати, 50 повредени

Москва, 27 јуни 2024 (МИА) - Најмалку две лица загинаа кога воз излета од шините на северот на Русија, а едно лице се води како исчезнато, соопшти денеска државната железничка компанија.

Воз со 14 вагони излета од шините во северната руска република Коми синоќа, соопштија Руски железници, додавајќи дека девет вагони излетале од шините. Околу 50 луѓе се повредени, јави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на претставници на службите за вонредни состојби, пренесува Бета.

Возот со 232 патници се движел кон јужниот град Новоросијск од Ворутка, рударски град на северот на Република Коми, соопшти железницата. Оттаму додадоа дека обилниот дожд, кој однесе делови од железничките пруги, е најверојатно причина за излетувањето од шините.

Руската железница вети дека ќе плати два милиони рубљи (околу 22.900 долари) на семејствата на секој од загинатите, покрај 2.025 милиони рубљи (околу 23.100 долари) што ќе ги добие од осигурување.

Повредените кои морале да се лекуваат во болница ќе добијат по еден милион рубљи (околу 11.400 долари), а оние кои добиле амбулантска нега ќе добијат 500.000 рубли (околу 5.700 долари), објави компанијата. мс/

фото: Принтскрин Јутјуб

Остани поврзан