• вторник, 24 декември 2024

УНРВА: Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради

УНРВА: Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради

Газа, 23 ноември 2024 (МИА) - Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.

УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.

Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан