• недела, 22 декември 2024

Воз во Индија минал 70 километри без машиновозач

Воз во Индија минал 70 километри без машиновозач

Њу Делхи, 26 февруари 2024 (МИА) - Индиските власти наредиле истрага откако товарен воз прошол повеќе од 70 километри без машиновозач. Видеата на интернет-просторот прикажуваат како возот со голема брзина минува покрај неколку станици, jaви Би-би-си.

 

Машината е запрена со помош на поставени дрвени блокови на шините и никој не е повреден, соопштија Индиските железници.

Возот со 53 вагони, според надлежните лица, почнал да се движи надолу по железничката пруга откако машиновозачот и неговиот помошник се симнале од него. Се движел со брзина од речиси 100 километри на час.  си/рп/

Фото: Јутјуб, фотоисечок

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан