• недела, 21 јули 2024

Водата што ја пијат скопјани е безбедна

Водата што ја пијат скопјани е безбедна

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - Водата што ја пијат скопјани е со добар квалитет, покажуваат податоците на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 јануари зеде 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - Службен весник на РМ, бр.183/18, пишува во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. бд/дма/

Фото: ЈП „Водовод и канализација“

Остани поврзан