Водата во Скопје е безбедна за пиење
- Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 52 мерни места во градот.

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 52 мерни места во градот.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 10 до 14 март 2025 година зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 52 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација.
Овие информации јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/сст/
Фото: ЈП Водовод и канализација