• петок, 22 ноември 2024

Владата на Бугарија одвои 11 милиони лева за истражување на Антарктикот и Арктикот

Владата на Бугарија одвои 11 милиони лева за истражување на Антарктикот и Арктикот
Софија, 15 јули 2022 - Современите научни истражувања во оддалечените поларни региони на Антарктикот и на Арктикот ќе бидат финансирани со 10,8 милиони лева во рамките на Националната програма за поларни истражувања - 2022-2025 година, одлучи бугарската влада. Ова го соопшти прес-службата на Советот на министри. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.   Покрај финансирањето на научни проекти, планирано е и изработка на магистерска програма за поларни студии, со цел да се привлечат младите во научна кариера во оваа област. Од 1988 година, кога беше спроведена првата бугарска експедиција на Антарктикот, Бугарија постепено ја развива и модернизира својата база „Св. Климент Охридски“ од Антарктикот. Организирањето на годишните поларни експедиции, координацијата на научните проекти, нивната техничка поддршка и обезбедувањето безбедна работа за бугарски и странски научници во базата ќе продолжи и во иднина, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Финансирањето на активностите од програмата ќе биде на товар на средствата за наука во централниот буџет и ќе се врши преку буџетот на Министерството за образование и наука. Координатор на програмата е Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ со неговиот Национален центар за поларни истражувања. Партнери се Бугарскиот антарктички институт, Вишата поморска школа „Н. Ј.Вапцаров“, Шумскиот завод при БАН и Националниот природонаучен музеј при БАН. БТА _________________________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан