• четврток, 26 декември 2024

Вицепремиерот Меџити се приклучи на крводарителската акција организирана од Амбасадата на САД

Вицепремиерот Меџити се приклучи на крводарителската акција организирана од Амбасадата на САД

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и даруваше крв во крводарителската акција „Food and Blood Drive“ во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Како што соопштуваат од МЖСПП, по дарувањето крв, првиот вицепремиерот Меџити високо ја оценил соработката и континуираната помош што САД ѝ ја дава на нашата земја од прогласувањето на независноста.

- Станува збор за традиционална акција за дарување крв, на која често сме се одзвале. Овој пат акцијата се одвива во чест на Денот на ветераните на Соединетите Американски Држави, и кои за нас стратешки партнери и со задоволство учествував во оваа акција на дарување крв, рече Меџити.

Крводарителската акција која веќе 22 години ја организира Амбасадата на Соединетите Американски Држави во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина, годинава беше посветена на американските ветерани, преку кои беше почестена нивната служба во воспоставувањето мир во светот. ар/нд/

Фото: МЖСПП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан