Прекината седницата на Советот на Општина Делчево на која требаше да се разгледува Буџетот за 2025 година
- Во Делчево денеска беше прекината 42-та седница на Советот на Општина Делчево на која меѓу останатите точки, на Дневен ред требаше да се најде и точката за Буџетот на Општината за 2025 година.
Делчево, 26 декември 2024 (МИА) - Во Делчево денеска беше прекината 42-та седница на Советот на Општина Делчево на која меѓу останатите точки, на Дневен ред требаше да се најде и точката за Буџетот на Општината за 2025 година.
Седницата беше прекината по претходна консултација со координаторите на советничките групи на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Левица, по што претседателот на Советот Гоце Попов, истакна дека дополнителни јавноста ќе биде известена кога ќе биде закажана нова Седница.
Претходно советниците усвоија повеќе одлуки од областа на урбанизмот, како и Програмите за спорт, за поддршка на граѓанскиот сектор, за извршување на јавни работи, за извршување на активностите на Општина Делчево од областа на превенција, заштита и спасување од елементарни и други непогоди.
Советниците позитивно се произнесоа и за Програмата за работа на Советот на Општина Делчево за 2025 година, а усвоени беа и повеќе одлуки за финансиска поддршка на спортски клубови и поединци и социјално загрозени граѓани..
На Седницата не присуствуваше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој за неговото отсуство во писмено соопштение беше прозванза негвото отсуство од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица. вс/сст/
Фото: МИА