• среда, 28 август 2024

Викендов отстранети 150 кубни метри отпад од повеќе диви депонии

Викендов отстранети 150 кубни метри отпад од повеќе диви депонии

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов подигнале 150 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода и Карпош.

- Активностите се реализираа на улиците „Цветан Димов“, „Коста Абрашевиќ“, „Методија Митевски“ и „Благоја Паровиќ“, на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во општината Чаир, улицата „Васил Чакаларов“ во општина Карпош, улицата „Димо Хаџи Димов“ во општината Кисела Вода, улицата „Даме Груев“ и булеварот „Мајка Тереза“ во општината Центар, се наведува во соопштението од „Комунална хигиена“ - Скопје.

На овие локации биле отстранети и приближно 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа. мд/са/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан