• четврток, 21 ноември 2024

Велешанец измамен со 18 илјади денари за огревни дрва

Велешанец измамен со 18 илјади денари за огревни дрва

Велес, 16 август 2024 (МИА) - Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне  16:10 часот, 76 годишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18 илјади  денари. Измамениот пријавил дека маж дошол во неговиот двор и му понудил да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од три илјади денари за кубен метар или за вкупна сума од 18 илјади денари, информираат денеска од СВР Велес.

Оттаму појаснуваат дека измамениот му поверувал и му ги дал парите по добиено ветување од измамникот дека заминува за да ги товари дрвата. Измамникот заминал и не се вратил.

Од СВР Велес информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ад/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан