• среда, 10 јули 2024

Вежбовни активности на АРМ на Охридското Езеро

Вежбовни активности на АРМ на Охридското Езеро

Охрид, 10 јули 2024 (МИА) – Припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РСМ денеска од 10:30 до 16:30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 9 часот, на истата локација. Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата, посочуваат од СВР Охрид.

Се упатува апел до граѓаните кои ќе сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан. аб/aa/

фото/МИА

 

Остани поврзан