Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 140 лица
- Најмалку 140 луѓе загинаа во Шпанија како последица на невреме кое беше проследено со обилни дождови и предизвика поплави, објавија шпанските медиуми.
Мадрид, 31 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 140 луѓе загинаа во Шпанија како последица на невреме кое беше проследено со обилни дождови и предизвика поплави, објавија шпанските медиуми.
Најсмртоносните поројни поплави во Шпанија во модерната историја го зафатија источниот шпански регион Валенсија по поројните дождови во вторникот и вчера, оставајќи ги патиштата и градовите под вода. мс/
фото: МИА архива