• недела, 19 мај 2024

Брифинг по повод одржувањето на шестото издание на Македонскиот Енергетски Форум

Брифинг по повод одржувањето на шестото издание на Македонскиот Енергетски Форум

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи брифинг за одржувањето на шестото издание на Македонскиот eнергетски форум - МЕФ.

Како што соопштуваат организаторите на МЕФ, на брифингот ќе информираат за целите, програмата и темите на дискусија на Македонскиот eнергетски форум.

Годинава, МЕФ под мотото „Подобрување на триаголникот ‘Политики-Финансиска-Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција“ ќе се одржи на 30 и 31 мај годинава во Скопје. како што посочуваат организаторите, предвидено е да учествуваат високи владини претставници од земјава и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации.

Македонскиот енергетски форум е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Овој форум започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции. фф/вг/

Фото: Македонскиот Енергетски Форум - МЕФ

Остани поврзан