• петок, 16 август 2024

Борнмут го урна клупскиот рекорд за трансфер на Еванилсон

Борнмут го урна клупскиот рекорд за трансфер на Еванилсон


Лондон, 15 август 2024 (МИА) – Премиерлигашот Борнмут постигна начелен договор за трансфер на напаѓачот Еванилсон од Порто, јавија денеска англиските медиуми.
Според истите извори, станува збор за рекорден трансфер во историјата на Борнмут, вреден 37 милиони евра со потенцијални 10 милиони евра во бонуси, со што вкупниот износ ќе достигне 47 милиони евра.
Дваесетичетиригодишниот бразилски фудбалер треба да отпатува за Велика Британија во следните 24 часа за да ја финализира својата преселба во Борнмаут. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан