• петок, 22 ноември 2024

Борисов: На Бугарија и е потребна влада по секоја цена

Борисов: На Бугарија и е потребна влада по секоја цена

Софија, 5 април 2023 (МИА) – Лидерот на политичкиот сојуз ГЕРБ-УДФ, Бојко Борисов денеска изјави дека на Бугарија и е потребна влада „по секоја цена“.

ГЕРБ-УДФ освои најголем број гласови на парламентарните избори одржани на 2 април. Борисов истакна дека ако му биде доделен мандатот за составување на нова влада дека ќе разговара со сите партии.

- Бугарите на овие избори порачаа не можат без ГЕРБ, но и дека не можат без партијата Продолжуваме со промените (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ). Нашите лични чувства не се важни, истакна Борисов.

Тој додаде дека неопходно е да се создаде влада, „колку и да ги чини политичките партии“.

Копретседателот на Асен Василев на ПП, второпласираната партија на изборите, претходно ја отфрли можноста за коалиција со ГЕРБ.

Тоа најверојатно навестува продолжување на долгорочната политичка криза во Бугарија, која во рок од две години одржа петти парламентарни избори. Кризата во Бугарија веќе ја принуди земјата да го одложи очекуваниот датум за воведување на еврото, а претстои и изгласување на нацрт-буџетот за 2023 година.

На трето место по освоените гласови е националистичката партија Преродба. ми/

Остани поврзан