Каја Калас најави посета на Србија во мај
- Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас денеска најави посета на Белград во мај нагласувајќи дека дијалогот за нормализација на односите со Приштина мора да продолжи, објавија српските медиуми.

Белград, 14 април 2025 (МИА) - Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас денеска најави посета на Белград во мај нагласувајќи дека дијалогот за нормализација на односите со Приштина мора да продолжи, објавија српските медиуми.
-Назначивме нов претставник за дијалогот и тој процес треба да продолжи, нагласи Калас.
Таа во Брисел изјави дека на земјите кандидати за членство во ЕУ им било јасно ставено до знаење дека не треба да учествуваат на парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај.
Калас, на прес-конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, нагласи дека е јасно кажано дека одредени земји-членки нема да гледаат позитивно на тоа учеството поради сеопфатната руска агресија врз Украина.
Според неа, во неделата и денеска имало добра дебата за Западен Балкан, и „најдобар начин за намалување на тензиите во регионот е сите да бидат во ЕУ, бидејќи Унијата е мировен проект и носи смирување на тензиите меѓу земјите“.
„Албанија и Црна Гора прават добри чекори, спроведуваат реформи и од таму ќе имаме неколку успешни приказни“.
Според нејзините зборови, Босна и Херцеговина е во уставна криза и секоја постапка за уривање на државата не е неприфатлива.
„Политичките лидери треба да ги премостат разликите, а не да ги зајакнуваат. При мојата посета на Босна и Херцеговина видов дека европската интеграција е нешто за што сите се согласуваат и треба да се оди во таа насока“, смета Калас. зш/
фото ЕПА