Блумберг: САД ја намалија проценката за долгот на Украина за 200 милијарди долари
- САД ги олеснија барањата до Украина да ја врати помошта што ја доби од САД за време на војната со Русија, изјавија извори за Блумберг Њуз.

Вашингтон, 16 април 2025 (МИА) - САД ги олеснија барањата до Украина да ја врати помошта што ја доби од САД за време на војната со Русија, изјавија извори за Блумберг Њуз.
Тие додадоа дека, по рунда преговори во Вашингтон минатата недела, администрацијата на претседателот Доналд Трамп проценила дека вредноста на помошта што САД му ја дале на Киев од почетокот на војната е околу 100 милијарди долари.
САД претходно процениле дека долгот на Украина е околу 300 милијарди долари. мс/
фото: МИА архива