Индија ги поништи визите за Пакистанци по нападот во Кашмир со 26 жртви
- Индија соопшти дека ги поништува сите визи издадени на државјани на Пакистан поради смртоносниот напад извршен од вооружени лица во Кашмир, во кој беа убиени 26 лица, главно туристи.
Њу Делхи, 24 април 2025 (МИА) - Индија соопшти дека ги поништува сите визи издадени на државјани на Пакистан поради смртоносниот напад извршен од вооружени лица во Кашмир, во кој беа убиени 26 лица, главно туристи.
Во соопштение објавено денеска, индиското Министерство за надворешни работи информираше дека сите визи издадени на Пакистанци ќе бидат поништени в недела. Министерството исто така им препорача на индиските граѓани да не патуваат во Пакистан.
Пакистан возврати со поништување на визите за индиски државјани, прекин на трговијата со Индија и затворање на својот воздушен простор за сите индиски авиокомпании.
Нападот во вторникот претставува најтешкиот напад врз цивили во Кашмир во последниве години.ссм/
фото:архива