• сабота, 29 јуни 2024

Блинкен: Иран ќе добие соодветен одговор за нападот врз транкерот „Мерсер стрит“

Блинкен: Иран ќе добие соодветен одговор за нападот врз транкерот „Мерсер стрит“
Вашингтон, 1 август 2021 (МИА) - САД официјално го обвинија Иран за нападот врз танкерот „Мерсер стрит“ на 29 јули, што се случи во близина на Оман, при што загинаа двајца членови на екипажот. - По прегледот на достапните информации, уверени сме дека Иран го изврши овој напад, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој додаде дека ќе следи „соодветен одговор“. ми/

Остани поврзан