• недела, 30 јуни 2024

ЕУ воведува нови рестриктивни мерки против Белорусија

ЕУ воведува нови рестриктивни мерки против Белорусија

Брисел, 29 јуни 2024 (МИА) - Европскиот совет денеска усвои рестриктивни мерки насочени кон белоруската економија, поради вмешаноста на белорускиот режим во воените операции на Русија против Украина.

Овие општи мерки имаат за цел да потврдат неколку рестриктивни мерки кои се веќе во сила против Русија и да се справат со прашањето за заобиколување на санкциите поради високата интеграција меѓу руската и белоруската економија, соопшти Европскиот совет.

Мерките што беа договорени денеска ќе влијаат на различни сфери на белоруската економија, како што се трговијата, транспортот и услужниот сектор, се наведува во соопштението за печатот објавено на веб-страницата на Советот на ЕУ.

Конкретно, новите ограничувања забрануваат увоз на злато, дијаманти, хелиум, јаглен и минерални производи, како и сурова нафта од Белорусија во ЕУ. Исто така, ќе запре и транзитот на стоки и технологија со двојна намена низ постсоветската република.

ЕУ го продолжи ограничувањето за превоз на стоки со патен транспорт, вклучувајќи приколки и полуприколки регистрирани во Белорусија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан