• петок, 22 ноември 2024

Месец дена притвор за косовскиот Србин обвинет за воени злосторства кој беше уапсен пред два дена

Месец дена притвор за косовскиот Србин обвинет за воени злосторства кој беше уапсен пред два дена

Приштина, 29 јуни 2024 (МИА) – Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на косовскиот Србин Срѓан Лазовиќ, кој е осомничен за сторено кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лазовиќ е осомничен дека за време на војната во Косово во 1998-99 година извршил злосторства врз цивилното население во селото Панорц, општина Малишево.

Тој беше уапсен од косовската полиција во четвртокот, на 27 јуни, во Лепосавиќ, во северно Косово. иа/ссм/

Остани поврзан