• четврток, 02 мај 2024

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Скопје, 20 април 2024 (МИА) - Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.

Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.

Предвремените парламентрани избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.

 

Изборите за шеф на државата ќе ги следат и 32 странски новинари, меѓу кои и од агенциите Ројтерс и Франс прес, како и бројни медими од соседните земји.   

Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.са/нд/

Фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан