• вторник, 05 ноември 2024

Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Полицијата вчера на територија на СВР Битола изрекла вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, 15 казни се изречени на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, три во Македонски Брод, по две мерки во Прилеп и Крушево и една мерка на подрачје на Демир Хисар.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан