Без струја делови од Кисела Вода
- Без струја денеска од 09 до 15 часот ќе бидат делови од Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
![Без струја делови од Кисела Вода](https://new.mia.mk/images/20231207082624_big_730x400_77.webp )
Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Без струја денеска од 09 до 15 часот ќе бидат делови од Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
Повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, РЦУК Скопје информира дека без струја ќе бидат дел од улицата „Антон Попов“, дел од улицата „Доситеј Обрадовиќ“, улицата „Дичо Петров“, дел од улицата „Димо Хаџидимов“ (кај „Шампионче“) и дел од улицата „Мишко Михајловски“ во општина Кисела Вода. бак/
Фото: МИА архива