• недела, 30 јуни 2024

Без вода дел од „11-ти Октомври“ и скопските села Драчево, Морани, Студеничани

Без вода дел од „11-ти Октомври“ и скопските села Драчево, Морани, Студеничани

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „11-ти Октомври“ во Општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на ул. „11-ти Октомври“ бр.54.

Исто така од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од скопските села Драчево, Морани, Студеничани и викенд населбата Морани поради промена на затворач (шибер) од ф - 250 милиметри на ул.„Јустинијан Први“ без број во населбата Драчево. 

Жителите ќе бидат без вода до завршување на интервенциите.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан