Без вода дел од корисниците на општина Центар
- Корисниците на дел од улиците „29 Ноември“, „Радњанска“ и „Дане Крапчев“ во општина Центар денеска од 8 часот ќе немаат вода.
![Без вода дел од корисниците на општина Центар](https://new.mia.mk/images/20240805161748_big_730x400_31.webp )
Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Корисниците на дел од улиците „29 Ноември“, „Радњанска“ и „Дане Крапчев“ во општина Центар денеска од 8 часот ќе немаат вода.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Дебарца“ бр. 64 и ќе трае до завршување на интервенцијата. хс/вг/
Фото: МИА архива