• вторник, 01 октомври 2024

Без вода високата зона во Црниче, Пржино, Козле и Водно

Без вода високата зона во Црниче, Пржино, Козле и Водно

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека денеска на ул.Тодор Александров бб привремено ќе биде исклучена Пумпната станица Водно со цел превентивна контрола на потисна цевка ф 300мм.

Без вода ќе бидат корисниците од населбите Водно, Црниче, Пржино и Козле (висока зона). Водоснабдувањето ќе биде нормализирано во најбрз можен рок, посочуваат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Фото: МИА архива

Остани поврзан