• петок, 22 ноември 2024

Општина Велес исплати еднократна помош за  461 прваче

Општина Велес исплати еднократна помош за  461 прваче

Велес, 30 септември 2024 (МИА) - Општина Велес издвои 1.536.651 денари од буџетот наменети за еднократна парична поддршка за сите првачиња запишани во учебната 2024/2025 година. На сметката на 461 родители односно старатели на првачињата запишани во основните училишта во Велес е исплатена еднократната парична помош во висина од 3.000 денари.

Како што информираат од Општина Велес, по прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и административната проверка со што денеска паричната поддршка ќе биде на располагање на нивните трансакциони сметки.

- Општина Велес продолжува да инвестира во најмладите и иднината на градот, потенцираат од општината. ад/лв/

фото: Општина Велес 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан