• сабота, 13 јули 2024

Бајден вели дека е најквалификуван соперник на Трамп и оти може да го победи на изборите

Бајден вели дека е најквалификуван соперник на Трамп и оти може да го победи на изборите


Вашингтон, 12 јули 2024 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден синоќа на прес брифинг по повод затворањето на Самитот на НАТО во Вашингтон одговараше на низа тешки прашања поврзани со неговата способност и капацитети да продолжи со кампањата и да го победи соперникот Доналд Трамп, експретседател на САД.

Бајден покажа одлучност во својата намера да продолжи со кампањата за реизбор сметајќи дека е најквалификуван соперник кој може да го победи Трамп и ги отфрли критичарите кои бараат тој да истапи од трката.

На пресот тој направи уште еден гаф, покрај претходниот кога претседателот на Украина Володомир Зеленски го најави како Путин. Овој пат Бајден кога зборуваше за потпретседателката Камала Харис рече „потпретседателот Трамп“. Пред и по настапот тој се соочи со низа повици кои доаѓаат од дел од демократите да се откаже од реизбои бидејќи покажува знаци на старечки когнитивни нарушувања, а исто и дека не е во физичка форма, што ќе пречи во победата над Трамп.

Во воведниот говор Бајден изјави дека НАТО осигурува уште поголема безбедност за Америка.
-Секој Американец треба да се запраша, дали светот стана побезбеден? Дали со НАТО се во поголема безбедност? Дали вашето семејство е безбедно? Јас сметам дека американскиот народ знае дека одговрот на овие прашање е да. И верува дека американсиот народ разбира дека Америка станува посилна и посилна благодарејќи на нашиот сојуз.

Бајден изјави дека неговата кандидатура на претседателските избори е посилна од кандидатурата на Трамп. -Сметам дека сум најквалификуван да го победам, да бидам избиран за претседател – го победив еднаш, ќе го направам тоа повторно, потенцираше претседателот на САД.

Шефот на Белата куќа беше прашан дали смета дека потпретседателката Камала Харис е доволно квалификувана за да ја извршува функцијата претседател. Тој одговори потврдно повикувајќи се на нејзината професионалност и компетентност.

-Јас не би ја избрал ако би сметал дека таа не е подобна за функцијата претседател, рече Бајден.
Тој истакна дека неговиот најверојатен соперник, републиканецот Трамп нема да се стреми кон заштита на земјите од НАТО и истакна дека САД имаат обврски пред западната алијанса.

Тој подвлече дека САД „не можат да се изолираат од светот“, и завери дека под негово раководство Вашингтон нема да се откаже од подршката за Украина.

-За безбедноста на Америка неопходна е силна трансатлантска алијанса, изјави Бајден.
Истакна дека тој има подршка од европските сојуници кои за време на самитот му укажувале дека „мора да го победи Трамп“ и дека второ претседателство на Трамп би било „катастрофа“.

-Чув како тие говореа вие мора да победите, рече Бајден.

Тој укажа дека војната на Израел во Газа мора да заврши веднаш соопштувајќи дека неговиот план за запирање на огнот бил одобрен од Израел, како и од палестинската исламистичка оранизација Хамас, но истакна дека се уште има нерешени прашања околу овој план. кб/ссм/

Остани поврзан