• понеделник, 22 јули 2024

Барселона се сомнева дека Дембеле намерно ги забавува преговорите за нов договор

Барселона се сомнева дека Дембеле намерно ги забавува преговорите за нов договор
Барселона, 6 јуни 2021 (МИА) - Барселона сака да го обнови договорот со францускиот напаѓач Усман Дембеле. Сепак, преговарачкиот процес го отежнуваат играчот и неговиот агент, пренесува „Мундо Депортиво“. Една од опциите е играчот да сака да се докаже на Евро 2020 со цел да постигне подобри преговарачки позиции. Барселона се сомнева дека постои клуб со кој Дембеле веќе се договорил за прелиминарен договор, бидејќи ќе може да го потпише од 1 јануари. Дембеле игра за Барселона од 2017 година, неговиот договор важи до летото 2022 година, а порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра. Минатата сезона Французинот постигна 11 голови и забележа пет асистенции на 43 натпревари. зс/

Остани поврзан