• понеделник, 23 декември 2024

Барселона ќе се обиде да го ангажира Нико Вилијамс ова лето

Барселона ќе се обиде да го ангажира Нико Вилијамс ова лето

Барселона, 22 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го сподели своето мислење за можниот трансфер на крилниот напаѓач на Атлетик, Нико Вилијамс во каталонскиот тим.

Еден од навивачите објави видео со функционерот во кое го прашува дали Барселона ќе го купи 21-годишниот шпански играч.

- Ќе се обидеме, одговори Лапорта.

Претходно беше објавено дека ова лето Каталонците сакаат да ги купат и играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Микел Мерино и играчот од средниот ред на Лајпциг, Даниел Олмо.

Во сезоната 2023/24, Вилијамс одигра 37 натпревари за Атлетик во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и 19 асистенции. Договорот на играчот со клубот е до летото 2027 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан