• четврток, 27 јуни 2024

Барселона во новиот договор на Јамал одреди милијарда евра обесштетување

Барселона во новиот договор на Јамал одреди милијарда евра обесштетување

Барселона, 2 октомври 2023 (МИА) - Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, во новиот договор со клубот ќе содржи ослободителна клаузула од една милијарда евра, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

 

Според новинарот Романо, официјалното објавување на новиот договор се очекува во текот на денешниот ден.

 

Договорот со 16-годишниот фудбалер е со важност до јуни 2026 година.

 

Шеснаесетгодишниот Јамал потекнува од фудбалската школа на Барселона. Неговиот актуелен договор истекува во летото 2024 година.

 

Во сезоната 2023/24, Шпанецот учествуваше на девет натпревари, на кои имаше две асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан