• петок, 28 јуни 2024

Србите сакаат Лев да го замени Стојковиќ на чело на репрезентацијата

Србите сакаат Лев да го замени Стојковиќ на чело на репрезентацијата

Белград, 27 јуни 2024 (МИА) - Шефовите на Српската фудбалска федерација веќе одржаа неколку разговори за назначување на странец на кормилото на „орлите“. Речиси е сигурно дека Драган Стојковиќ нема да продолжи да ги води Србите по нивниот настап на УЕФА ЕУРО 2024, бидејќи не успеаја да напредуваат од групата Ц, во која беа уште Англија, Данска и Словенија.

Шефовите на локалниот фудбал веќе пролетва стапија во контакт со Германецот Јоаким Лев, кој е невработен по заминувањето од Бундестимот по долги години успешна работа.

Куриозитетен факт е дека Србите тогаш повторно потпишаа договор со Пикси, но сега се децидни дека нивната репрезентација мора да ја води сериозно европско име.

Лев ги водеше „панцирите“ помеѓу 2006 и 2021 година, станувајќи светски шампион со својата земја во 2014 година во Бразил, каде што тимот ја победи Аргентина со 1:0 во финалето.

Тимот играше и во финалето на УЕФА ЕУРО 2008 против Шпанија, но Ла Фурија победи во финалниот натпревар во Австрија и Швајцарија.

Освен Јоаким Лев, Србите како опција го разгледуваат и името на Андреа Пирло. дс

Фото: Архива

Остани поврзан