Тен Хaг го засилува стручниот штаб со легенда на Јунајтед
- Ерик Тен Хаг дефинитивно останува на клупата на Манчестер Јунајтед, а за новата сезона покрај нови играчи планира и засилувања во стручниот штаб.
Манчестер, 27 јуни 2024 (МИА) - Ерик Тен Хаг дефинитивно останува на клупата на Манчестер Јунајтед, а за новата сезона покрај нови играчи планира и засилувања во стручниот штаб.
Холандскиот „Voetbalzone“ пишува дека се е веќе договорено со Рене Хаке, 52-годишниот тренер на Го Ахед Иглс, кој минатата сезона за прв пат во својата историја го однесе овој клуб во Европа.
Рене Хејк и Тен Хаг се познаваат од времето кога работеа заедно во Твенте.
За светските медиуми уште поинтересен е податокот дека Руд Ван Нистелрој е се поблиску до враќање на „Олд Трафорд“. Легендарниот стрелец на Манчестер Јунајтед во последните денови се споменуваше како можен нов менаџер на Барнли, но се чини дека ја прифати поканата на Тен Хаг да му се приклучи на неговиот стручен штаб.
Тен Хаг веќе има помош од сонародник. Со него во 2022 година во Манчестер Јунајтед пристигна и Мичел ван дер Гаг, кој претходно му беше помошник во Ајакс. дс
Фото: Архива