• петок, 22 ноември 2024

Барселона би можела да се раздели со Левандовски за да има пари за трансфери

Барселона би можела да се раздели со Левандовски за да има пари за трансфери

Барселона, 29 април 2024 (МИА) – Роберт Левандовски може да ја напушти Барселона по завршување на оваа сезона. Медиумите во Шпанија со недели тврдат дека лошата финансиска состојба ќе ја принуди управата на каталонскиот клуб да продадат барем еден од своите стартери за да можат да работат послободно за време на преодниот рок.

Последните денови се почесто се споменува името на полскиот напаѓач како еден од оние кои размислуваат дали да бараат или не опции за разделба.

Претходно, Барселона реши еден од своите проблеми, а тоа е тренерската позиција во клубот, откако беше објавено дека Чави ќе остане уште една сезона.

Платата на Левандовски изнесува 32 милиони евра пред оданочување.

Според актуелниот договор, 35-годишниот Полјак треба да одработи уште една сезона во шпанскиот фудбалски гигант. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан