• петок, 22 ноември 2024

АТП на тенисерите ќе им подели 12,2 милиони долари заработени од Мастерс турнирите

АТП на тенисерите ќе им подели 12,2 милиони долари заработени од Мастерс турнирите

Лондон, 9 ноември 2023 (МИА) – Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП), извести за тоа како напредува имплементацијата на стратегијата за споделување профит помеѓу турнирите и играчите.

Годинава организацијата ќе подели бонуси од 12,2 милиони долари меѓу играчите. Ова е половина од профитот од деветте Мастерси во 2022 година.

Парите ќе бидат распределени меѓу сите учесници на Мастерс турнирите, во зависност од нивните резултати.

Така, вкупниот бонус на АТП ќе се зголеми на 33,5 милиони. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан