• петок, 28 јуни 2024

Атланта постави рекорд во НБА-лигата

Атланта постави рекорд во НБА-лигата
Атланта, 7 април 2021 (МИА) – Кошаркарите на Атланта поставија рекордот во НБА-лигата по прецизни удари за три поени во една четвртина без промашување. Тие ноќеска на мечот со Њу Орлеанс (123:107) реализираа 11 тројки од 11 обиди. Рекордот претходно го држеше Кливленд, кој постигна 9 од 9 тројки против Атланта во ноември 2014 година. Атланта по 51 одигран натпревар е четврта во Источната конференција со 27 победи и 24 порази. зс/

Остани поврзан