• понеделник, 23 декември 2024

Копа Америка: Панама триумфираше над САД

Копа Америка: Панама триумфираше над САД

 

Атланта, 28 јуни 2024 (МИА) – Фудбалерите на Панама забележаа сензационална победа од 2-1 над домаќинот Соединетите Американски Држави во нивната пресметка од 2. коло во групата Ц на Копа Америка, додека Уругвај ја совлада Боливија со 5-0.

Панамците направија големо изненадување на дуелот во Атланта на кој САД рано останаа со играч помалку поради исклучувањето на Тим Веа во 18. минута.

Откако Веа беше исклучен, Фоларин Балогун ги доведе Американците во водство со брилијантен удар од 17 метри за водство на домаќините во 22. минута. но радоста кратко траеше бидејќи Цезар Блекман израмни четири минути подоцна.

Хозе Фахардо донесе победа во 83. минута за Панама.

САД се втори во групата, со идентични три бодови како и Панама, но со подобра гол-разлика.

Уругвајските фудбалери синоќа во натпреварот од второто коло од групата Ц на првенството на Јужна Америка ја совладаа Боливија со 5-0 и направија голем чекор кон осминафиналето.

Во првото полувреме стрелци беа Факунда Пелистри (8) и Дарвин Нуњез (21), а во вториот дел победата ја потврдија Максимилијано Араухо (77), Федерико Валверде (81) и Родриго Бентанкур (89). ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан