• недела, 22 декември 2024

НБА: Испишана историја на драфтот

НБА: Испишана историја на драфтот

 

Лос Анџелес, 28 јуни 2024 (МИА) – Кошаркарска историја е испишана на драфтот во НБА лигата, откако ЛА Лејкерс го избра во своите редови 19-годишниот Брони Џејмс синот на легендарниот Леброн Џејмс, со што првпат во историјата татко и син ќе играат во ист тим.

Американските медиуми претходно јавија дека агентот Рич Пол наводно се заканил дека Брони ќе ја продолжи кариерата во Австралија, доколку не биде избран од ЛА Лејкерс.

Брони Џејмс беше 55 избор на драфтот, а во НБА лигата се сели од универзитетскиот тим УСЦ.

Неговиот татко Леброн Џејмс дебитираше во НБА лигата во 2003 година, а дресот на ЛА Лејкерс го носи од 2018. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан