• понеделник, 23 декември 2024

Асфалтирана улица „36“ во населба Илинден

Асфалтирана улица „36“ во населба Илинден

Скопје, 13 мај 2024 (МИА) - Општина Илинден континуирано работи на подобрување на патната инфраструктура на нејзина територија. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши асфалтирање на улица „36“ во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден, информираат денеска од Општината.

Како што истакнал градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, извршена е целосна реконструкција на улицата во должина од 680 метри и широчина од 6 метри коловоз. Оваа улица, нагласуваат од Општина Илинден, е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница за локалната економска зона „Карагач“ како и ги поврзува населените места Ајватовци, Бунарџик, Бучинци, Мршевци, Бујковци и останатите населени меска со населба Илинден.

Градоначалникот додал дека со реконструкцијата на оваа улица значително ќе ја подобри функционалноста во работењето на стопанските субјекти од локалната економска зона, како и секојдневното функционирање на граѓаните од Општина Илинден.

Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден, најавуваат оттаму,  и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење. сст/мд/

фото Општина Илинден 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан