Свечена aкадемија во Берово по повод 80 години Црвен крст на Северна Македонија
- Општинската организација на Црвен крст Берово со свечена академија се вклучи во одбележувањето на големиот јубилеј, 80 години Црвен крст на Северна Македонија. Под мотото „80 години ние гледаме луѓе“, во големата сала на Општина Берово, пред присутните гости со кратки видеа беше презентирана работата на Црвенио крст како национално друштво и на Општинската организација на Црвен крст Берово.

Берово, 14 март 2025 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Берово со свечена академија се вклучи во одбележувањето на големиот јубилеј, 80 години Црвен крст на Северна Македонија. Под мотото „80 години ние гледаме луѓе“, во големата сала на Општина Берово, пред присутните гости со кратки видеа беше презентирана работата на Црвенио крст како национално друштво и на Општинската организација на Црвен крст Берово.
Пред присутните се обратија генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Саит Саити, претседателката на ОО на Црвен крст Берово Јованка Белчовска и организацискиот секретар Емилија Буровска.
Во рамки на настанот Општинската организација на Црвен крст Берово им додели јубилејни признанија на градоначалниците на двете општини, со кои делуваше во изминатите години, Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Александар Китански за нивната поддршка и соработка во реализацијата на хуманитарните активности.
На свечената академија со одбрани музички точка се претставија ученици волонтери под менторство на Жаклина Узунова, а свое излагање за личните искуства од соработката со Црвен крст имаа и крводарители и волонтери од Берово.
Општините Берово и Пехчево најавија поддршка на хуманитарната организација во реализација на проекти кои ќе овозможат подобри услови за живот на своите сограѓани. вс/мд/
Фото: МИА