• вторник, 02 јули 2024

Астон Вила до крајот на сезоната без Ремзи

Астон Вила до крајот на сезоната без Ремзи

 

Бирмингем, 5 април 2024 (МИА) – Четвртопласираниот тим во англискиот фудбалски шампионат Астон Вила до крајот на сезоната ќе биде без услугите на својот офанзивен играч за врска Џејкоб Ремзи поради повреда на палецот.

Веста денеска ја потврди менаџерот Унаи Емери.

Поради различни повреди, Ремзи сезонава одигра само 16 натпревари за Астон Вила, која во последните седум кола ја очекува голема борба да остане на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Тимот од Бирмингем во моментов има два бода, но и натпревар повеќе од петопласираниот Тотенхем. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан