• вторник, 02 јули 2024

САД загубија од Уругвај и не се пласираа во плејофот на Копа Америка

САД загубија од Уругвај и не се пласираа во плејофот на Копа Америка

Канзас Сити, 2 јули 2024 (МИА) – Репрезентацијата на САД ноќеска во Канзас Сити загуби од Уругвај со 1:0 во натпреварот од 3. коло во Ц-групата на Копа Америка 2024.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Матијас Оливера во 66. минута. 

На другиот натпревар од оваа група, Панама ја победи Боливија со 3:1. 

Едуардо Гереро, Цезар Јанис и Хозе Фахардо Нелсон погодија за Панамците. Стрелец на голот на Боливија беше Бруно Миранда.

Уругвај со максимални девет бода заврши на првото место во својата група. Второто место и пласман во плејофот избори  Панама со шест бода.

Домаќините на турнирот, САД завршија третопласирани со три, а Боливијците се последни без освоен бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан