Роналдо по пласманот во четвртфиналето на ЕП 2024: Необјасниви моменти
- Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо на социјалните мрежи реагираше на прогресот на тимот во четвртфиналето на Евро 2024.
Франкфурт, 2 јули 2024 (МИА) - Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо на социјалните мрежи реагираше на прогресот на тимот во четвртфиналето на Евро 2024.
Португалците синоќа ја совлада Словенија на пенали 3:0 во осминафиналето.
-Необјасниви моменти. Да дадеме сѐ од себе! Благодарам - напиша Роналдо.
Во четвртфиналето на Евро 2024, репрезентацијата на Португалија ќе се сретне со селекцијата на Франција. Натпреварот ќе се одигра на 5 јули. зс/
Фото: ЕПА