• вторник, 02 јули 2024

ЕВРО2024: Франција четвртфиналист

ЕВРО2024: Франција четвртфиналист

 

Дизелдорф, 1 јули 2024 (МИА) – Фудбалерите на Франција ја совладаа вечерва Белгија со 1-0 (0-0) и се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство во Германија.

Пласманот меѓу осумте најдобри европски репрезентации Франција го обезбеди во финишот на дуелот во Дизелдорф со автоголот на Вертонген во 85 минута, кој несреќно ја смести топката во сопствениот гол по ударот на Коло Муани.

Противник на Франција во четвртфиналето ќе биде победникот од вечерашниот осминафинален дуел меѓу Португалија и Словенија.

Четвртфиналните двојки на ЕВРО2024 ќе бидат комплетирани утре кога на програмата се двата завршни осминафинални натшревари меѓу Романија – Холандија и Австрија – Турција. ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024

Остани поврзан