Артета по натпреварот против Вулверхемптон: Нивото на игра беше далеку од она што беше потребно
- Тренерот на Арсенал, Микел Артета, не е задоволен од играта на својот тим на вчерашниот натпревар со Вулверхемптон во 16. коло од англиската Премиер лига и покрај победата со 2:1.
Лондон, 14 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, не е задоволен од играта на својот тим на вчерашниот натпревар со Вулверхемптон во 16. коло од англиската Премиер лига и покрај победата со 2:1.
- Си ги отежнавме работите дозволувајќи да примиме гол. Имавме ужасна дефанзивна изведба. Нивото на игра беше далеку од она што беше потребно. Тоа е главната лекција што мора да ја научиме. Првиот пат кога имаа можност, постигнаа гол, и тоа е проблемот. За среќа успеавме да дојдеме до победата во судиското надополнување, рече Артета на прес-конференцијата по натпреварот.
Арсенал е прв на табелата во англиската Премиер лига со 36 бода по 16 натпревари. зс/
Фото: ЕПА