• недела, 28 април 2024

Арсовска на увид на новопроектирани улици во местото Криви Дол во општина Карпош

Арсовска на увид на новопроектирани улици во местото Криви Дол во општина Карпош

Скопје, 25 март 2024

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со екипи од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, извршија увид во завршната фаза на градежните работи на изградбата на новопроектираните улици 1 и 4 во населеното место Криви Дол во општина Карпош, кои ги гради јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.

Со изградбата на двете новопроектирани улици во ова населено место, се овозможува промена на постоечкиот сообраќаен режим за обезбедување сигурност за учесниците во сообраќајот. Со оневозможување на движење со моторни возила по пешачката и вело патека и диво приклучување на ул.Скупи и на бул. „Никола Карев“, ќе се превенира загрозување на пешаците и велосипедистите и овозможи нивно безбедно движење. Со изградбата на новите улици за жителите на Криви Дол ќе се обезбеди сигурен и безбеден пристап до нивните домови.

 

Град Скопје

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан