• недела, 05 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

28 април 2024

Куманово – По повод 22 години од трагичната смрт на Бобан Трајковски кај Вејце ќе биде откриен мурал со неговиот лик во организација на Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица „Волци“. (во центарот на Куманово/ 12:00)

Скопје – Осветување на Македонскиот крст во „Паркот на бранителите“ во центарот на населба Драчево, општина Кисела Вода. (Парк Драчево/ 12:00)

Скопје – 7. Конгрес на Демократски сојуз. (х. „Алексндар Палас“/ 12:00)

Скопје – По повод 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа во спомен и слава на 15 загинати лица на своите работни места во 2023 година, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) ќе засади 15 нови дрвца. (во паркот на ул. „Пандил Шишков“, наспроти ресторан „Аквалибриум“, општина Аеродром/ 11:30)

Скопје – КАКОВ ГРАД?, кој претставува интервенција во јавен простор развиена во рамки на едукативната платформа Градот како сцена: Изведување на јавниот простор на Организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ), Скопје. (во киното на Железничка зграда, ул. „Борка Талевски“ 26/ 12:00 – 15:30)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Велебрдо, Маврово-Ростуше – Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван низ Македонија на средба со жителите на с. Велебро (17:40) и на средба со жителите на општина Маврово-Ростуше, локација: паркинг пред спортската сала во Маврово/ 18:30)

 

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Могила/ Ресен/ Демир Хисар/ Битола – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Могила (17:00), во Ресен (17:00), во Демир Хисар (19:00) и во Битола (20:30)

Струга/ Дебар – Претседателот на ДУИ Али Ахмети во рамки на активностите за парламентарните избори ќе се сретне со граѓани во Струга (х. „Дрим“/ 12:00) и со граѓаните на Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Дебар (во седиштето на ДУИ во Дебар/ 16:00)

Скопје – Прес-конференција на Движењето ЗНАМ За наша Македонија на која ќе се обрати д-р Јасмин Циривири на тема здравство. (во седиштето на ул. „Климент Охридски“ бр. 55/ 13:00)

Крушево/ Кичево/ Струга/ Охрид – Претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија Максим Димитриевски ќе посети неколку домови, мала прошетка низ центарот на градот и кафе пауза во кафебар „Скар“ (11:00), средби со граѓани на Кичево во повеќе населби (пристигнување во Штабот (13:00), средба со граѓани во струшката чаршија, прошетка по кејот на Црн Дрим (16:15), положување на свежо цвеќе пред бистата на Владо Малески (16:45), средба со пензионери плажа Галеб, средби со граѓани на женска плажа (17:00), посета на неколку семејства, разговори со претседателот на ЗНАМ и носителот на листа Весна Бендевска (17:15), по пристигнувањето претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски,  дел од кандидатите за пратеници на ИЕ 5 ќе се приклучат на тимовите од ОО Охрид во посета на неколку згради и улици во акцијата „од врата на врата“ (19:00), посета на дел од проектот Охрид Го, средба во Касарна хаб, Центар за старт ап Бизниси и иновации, простор за дигитални номади, посета на Адреналинскиот парк во изградба како дел од проектот Охрид Го (20:30) и во просториите на ОИШ во Охрид, претседателот на ЗНАМ и кандидатите за пратеници ќе остварат средба со стопанственици и група на граѓани на Охрид (21:00)

Штип – Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов, и коносителот на листа на ИЕ 3, Александар Симонов, ќе се обратат на народен собир. (Народен театар – Штип/ 19:30, изјави за медиумите во 19:15)

Вејце – Делегација на ПП Левица ќе присуствува во Вејце. 

Скопје- Изјава за медиуми на Изет Меџити, лидерот на Демократското движење и носител на листа во ИЕ 1 од  Коалицијата ВРЕДИ. (во близина на „Веро“ Чаир/12:00)

Охрид – Прес-конференција на Работничката партија на која ќе се обратат претседателот на Работничката партија Горан Зафировски и носителот на листата во ИЕ 5, Љубе Петревски. (Плоштад кај споменикот на Свети Климент Охридски/ 13:00)

__________________________________________________________ 

 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан