• среда, 10 јули 2024

Аргентина ја победи Канада и се пласираше во финалето на Копа Америка

Аргентина ја победи Канада и се пласираше во финалето на Копа Америка

Ист Радерфорд,10 јули 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Аргентина ноќеска ја победи селекцијата на Канада со 2:0 во полуфиналето на Купот на Америка.

Средбата се одржа на стадионот „Медоулендс“ во Ист Радерфорд (САД).

Во 22. минута Јулијан Алварез го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. На почетокот на вториот дел Лионел Меси го удвои водството на Аргентинците и го постави конечниот резултат.

Вториот финалист ќе биде одреден по натпреварот меѓу репрезентациите на Уругвај и на Колумбија (почеток 2 часот по полноќ).

Финалето ќе се игра на 15 јули во Мајами. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан