• петок, 22 ноември 2024

Американецот Слај нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

Американецот Слај нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром


Скопје, 10 јули 2024 (МИА) – Американскиот 27-годишен кошаркар Брандон Слај е првото странско засилување за следната сезона во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, објави денеска македонскиот шампион.
Слај доаѓа во МЗТ Скопје Аеродром ден откако клубот ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски.
„Станува збор за искусен бек-шутер со петгодишно европско искуство и двоцифрен поентерски просек во секоја од екипите за кои настапувал. Тој добро ги знае приликите во регионот, со оглед што минатата сезона ја мина во дресот на Подгорица, која ни беше противник во АБА2-лигата, каде што реализираше по речиси 15 поени“, соопшти МЗТ Скопје Аеродром.
Слај претходно одигра две години во Грузија во екипите на Вера и Тбилиси, а потоа беше дел од романскиот тим Таргу Жиу и фински КТП баскет. ег ФОТО: МЗТ Скопје Аеродром

Остани поврзан